-->

Седници на пет собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат пет комисии. На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија е Предлог законот за трансформација на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонија пат“, кој е на второ читање.

Членовите на Комисијата за труд и социјална политика ќе расправаат по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување (второ читање), а Комисијата за образование, наука и спорт ќе го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Универзитетот за информатички технологии во Скопје (второ читање).

Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за надзор на државната граница, додека на дневен ред на Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана е Предлог-извештајот за работата на оваа Комисија.

 

Copyright © 2009 selotejp.com