-->

Гуглмобил

Минатото лето Google инвестираше околу 5.5 милиони долари во развојот на нови хибридни автомобили. Aptera Motors и ActaCell се двете компании кои го поделија финансиското "колаче", а веќе се наѕираат и првите резултати.

Aptera Motors заедно со Google работи на создавање на два автомобили, кои ќе бидат напојувани од нов електричен мотор. Посебно интересни се најавите дека хибридните возила ќе бидат способни за 10 секунди да достигнат брзина и до 140км/час. Електричните батерии се очекува да траат околу 160 километри активно возење, а возилото не би требало да троши повеќе од 1 литар гориво на 100 километри.

Google Aptera се очекува да се појави на пазарот во октомври оваа година, но првенствено на пазарот во Калифорнија. Сеуште не е познато дали ова возило ќе се продава низ целиот свет. Цената ќе изнесува приближно 30 илјади долари.

 

Copyright © 2009 selotejp.com