-->

Од филм до игра - и обратно

Иако во поголемиот број случаи игрите се прават според некои филмови, се чини дека работите во Холивуд започнуваат да се менуваат. Се повоочлив е трендот на снимање (лоши) филмови по сценариото од некоја успешна игра.

Ако Холивуд е успешен во нешто, тоа е во мешањето на брендови. Еднаш кога ќе снимите успешен филм задолжително мора да направите и игра по него, да испечатите маици, капи, чаши и секакви други тракатанци. Овој ист концепт сега се применува и на игрите по кои се снимаат филмови. Со малку среќа и креативност, можеби ќе се појави и некој ваков филм кој нема да е потполно лош.

Mortal Kombat 3 (2010)
Да, да, уште еден Мортал Комбат филм. Малку информации се знаат за овој филм во моментов, но прилично сигурно е дека Raiden повторно ќе го толкува Кристофер Ламберт кој сега е прилично стар и непримерен за една ваква улога. Насловот на филмот е исто така непотврден, иако се шушка за едно можно име: Mortal Kombat: Devastation.

Prince of Persia: The Sands of Time (2010)
Се зборува дека филмот ќе содржи елементи на акција, авантура и фантазија, а ќе биде и по некој грам романтика. Филмот е потполно базиран на играта Sands of Time и во него биде и песокот на времето, и добро познатиот убод и општо сите препознатливи елементи од играта. Главната улога на Dastan ќе ја игра Џејк Гиленхол, а принцезата во улогата на принцезата Tamina ќе се појави Гема Атертон. Бен Кингсли ќе биде Nizam, главниот злосторник, а премиерата на филмот се очекува за година дена.

Bioshock (2010)
И овој филм ќе биде во потполност базиран на една игра т.е. на приказната која се случува во 1960 година кога авионот на главниот јунак Jack се туши среде атлантскиот океан, а тој пронаоѓа светилник кој всушност е влез во тајниот град Репчар изграден во 1946 година како одговор на се поагресивниот и нестабилен свет. Но градот наскоро пропаѓа поради човечката алчност и желба за моќ. На овој концепт додајте малку генетско истражување - и ете приказна за еден добар хорор.

World of Warcraft (2011)
Со оглед на огромната популарност на WoW, овој филм и можевме да го очекуваме, но и покрај тоа за него не се знаат некои особени детали. Она што е сигурно е дека нема да се појави во скоро време и дека поголемиот дел од дејствието ќе биде раскажано од аспектот на Alliance. Филмот нема да биде авантуристички како Lord of the Rings, туку ќе биде сличен на воените филмови.

 

Copyright © 2009 selotejp.com