-->

Навивачите ги каменувале играчите

Средбата на јужноамериканската Лига на шампиони помеѓу перуанскиот Univesitario и аргентинскиот San Lorenzo, остана во сенка на гостопримството кое Перуанците им го приредија на гостите.



Пред натпреварот мала група на навивачи го каменувала автобусот кој ги превезувал аргентинските играчи до стадионот.

“Главата на Алесанрдо Гомез е повредена. Тоа е навистина лошо, а натпреварот е друг проблем. San Lorenzо ќе испати протесно писмо. - изјавила еден од најпознатите фанови на аргентинскиот клуб, ТВ водителот Марчело Тинели, чиј син наводно заради целиот настан доживеал нервен слом. После овој инцидент Аргентинците добиле полициска придружба.

За време на средбата немало инцидент, иако гостинските навивачи и играчи на стадионот влегувале како американските војници за прв пат на Багдад. Домашните навивачи ги обвинуваат играчите на San Lorenzo дека ги провоцирале.

Навивачите на San Lorenzo, кога перуанската екипа ќе дојде во Аргентина, тешко дека на Перуанците ќе им се обрати со паролата ’чувствувајте се како дома’.

 

Copyright © 2009 selotejp.com