-->

Батерии на иднината

Веруваме дека никогаш не би погодиле дека уредот кој го гледате на сликата е всушност преносна батерија. Но, не било каква - станува збор за хибридна батерија на Sony која трае значително подолго од стандардните.

Во горниот дел на батеријата се наоѓа метанол, во долниот е стандардна литиум-јонска батерија. Батеријата сама бира дали ќе го користи горивото, литиум-јонскатта батерија, или двете, во зависно од потрошувачката.

Sony ќе понуди и поголем "домашен" модел кој ќе може да напојува мобилен телефон цел месец. Но, она што е најважно е тоа дека и самите можете да додавате метанол, што значи дека со доволно гориво може да издржите со години без струја (што се надеваме дека нема да ви биде поребно).

На токискиот саем FC EXPO 2009 посветен на батерии од сите видови, Sony ќе претстави и батерија која работи на шеќер, во која ќе може да се долева сокче, или било каков сладок пијалок.

 

Copyright © 2009 selotejp.com