-->

Нови пожари во Австралија

Над сто луѓе денеска се евакуирани од своите домови во јужната австралиска држава Викторија, откако избија нови пожари, само две седмици по катастрофалните пожари во кои загинаа над 200 луѓе.

Во државата избија три поголеми пожари, а властите предупредуваат дека би можело да дојде до нивно ширење поради силниот ветер, исклучително сувиот воздух и високите температури.

Во почетокот на февруари Австралија ја зафатија најсмртоносните пожари во кои загинаа 210 луѓе. Над 1.800 домаќинства се уништени и околу 7.000 Австралијци се раселени.

 

Copyright © 2009 selotejp.com