-->

Приштина забрани посета на Срби

Приштина воведе забрана за посети во Косово на српски претставници, чие однесување и изјави се во спротивност со политиката на косовските власти, пренесе ИТАР-ТАСС.

Премиерот на Косово Хашим Тачи синоќа посочи дека од сега натаму се забранува влегувањето во Косово на оние претставници на Белград, кои не го почитуваат косовскиот уставен поредок.

-Србите, кои сакаат да пристигнат во Косово за служебни прашања, а не како приватни лица, треба да добијат одобрение од нашата Влада. Во овој однос ќе ги преземеме сите мерки, предвидени со законот, изјави Тачи.

Изјавата на Тачи е дадена откако во петокот косовските власти му забранија на српскиот министер за Косово Горан Богдановиќ да влезе на територијата на Косово.

Тачи притоа нареди Богдановиќ да не се пушти во Косово, а ако ја мине границата - веднаш да се уапси.

Косовскиот министер за внатрешни работи Зенун Пајазити во петокот изјави дека, според Владата на Косово, престојот на Богдановиќ во регионот може да предизвика бран од безредија. Пајазити потсети дека Богдановиќ не еднаш ги повикувал косовските Срби да не се подчинуваат на Приштина.

Белград остро реагира на „ново воведените мерки“ на Приштина, информира ИТАР-ТАСС.

 

Copyright © 2009 selotejp.com