-->

Почина девојка на изборот за Евросонг


Дваесет и четиригодишна девојка синоќа починала во Универзалната сала во Скопје, за време на одржувањето на изборот на македонски претставник за песна на Евровизија.

Од МВР информираат дека девојката Ивана М. била во публиката и го гледала изборот, кога околу 22 часот и 30 минути и се слошило, по што била изнесена надвор од салата каде паднала.

Кога пристигнала екипата на Брза помош само констатирала смрт кај младата девојка.

На местото е направен увид од јавен обвинител и истражен судија, кој наредил обдукција на телото за да се утврдат причините за смртта.

 

Copyright © 2009 selotejp.com