-->

Ливерпул го победи Реал Мадрид, Баерн се истури врз Спортинг

Израелецот Јоси Бенајун им даде можност на многуте фанови на Ливерпул низ светот да се радуваат по неговиот погодок со глава од слободниот удар на Фабио Аурелио, со кој го совлада Икер Касиљас во 82-та минута.

Во изедначен натпревар за двете страни, Ливерпул имаше повеќе среќа да ја начне мрежата на „Кралскиот клуб“ на гостински терен, со што сега има гол на гости и водство од еден гол, што ќе треба да го одбрани на Енфилд. Поради оваа предност, многумина веќе го гледаат Ливерпул во четврт - финалето на ЛШ. Ако сака Реал Мадрид да го помине Ливерпул, ќе мора да постигне два гола на гостински терен, под услов Ливерпул да не постигне гол.
Реваншот е на 10. март на Енфилд Роуд.

Одличната вечер за англиските клубови ја дополни и Челзи, кој на Стемфорд Бриџ, пред своја публика го победи Јувентус со 1 - 0, со голот на Дидие Дрогба во 12-тата минута, негов четврти гол во ЛШ.

Баерн Минхен го торпедираше Спортин Лисабон со 5 - 0, во натпревар во кое свое шоу со по два гола имаа Франк Рибери и Лука Тони, додека Мирослав Клосе погоди еднаш за мирна завршница на Алианц арената по две недели. Американскиот репрезентативец Лендон Донован кој дојде во Баерн на позајмица од Л.А. Галакси не настапи на синоќешниот натпревар.

За потсетување, во вторникот, Манчестер Јунајтед одигра 0-0 со Интер во Милано, Арсенал во Лондон ја победи Рома минимално со 1-0, Барселона во Лион одигра 1 - 1 со истоимениот клуб, а Атлетико Мадрид во Мадрид одигра 2 - 2 со Порто.

Реваншите се по две недели.

 

Copyright © 2009 selotejp.com