-->

Лампард: Можеме и подобро од ова

Фудбалерите на Челзи остварија минимална, но сепак крупна (1:0) предност во однос на Јувентус пред реваншот во осмина финалето на Лигата на шампиони.

Борбениот и тактички натпревар на Стемфорд Бриџ го реши погодокот на Дрогба во првото полувреме, а од играта на својот тим до крај не беше задоволен ни Френк Лампард.

"Нормално дека можеме далеку подобро од ова. Но, две работи успеавме да ги претвориме во реалност: не примивме гол и победивме", изјави Лампард и продолжи:

"Реваншот во Торино ќе биде нова голема борба. Ние сме на нов почеток, новиот тренер Гус Хидинк направи одредени промени и морам да признаам дека се чувствува некој нов ветер во клубот. Секако, позитивен. Сеуште имаме проблеми во играта, но ги решаваме. Се надевам дека за две недели ќе бидеме уште посилни, постабилни и дека ќе ја потврдиме оваа победа", заклучи англискиот репрезентативец.

 

Copyright © 2009 selotejp.com