-->

Малиот Зидан на мета на Реал и Челзи


Иако има само 6 години, Мадин Мохамед веќе се најде на мета на бројни големи клубови, вклучувајќи ги и Реал Мадрид и Челзи. Малечкиот Алжирец прави чуда на теренот и дефинитивно ќе биде голем виртуоз на теренот, а многумина веруваат дека токму тој е наследникот на големиот Зинедин Зидан.

Веќе пишувавме за малиот Зидан, кој овој пат се најде во центарот на вниманието заради интересот на екстра големите клубови за него. Како што пренесуваат медиумите Мадин Мохамед е на мета на Реал Мадрид и Челзи.

Погледнете го чудото од дете:



Француските скаути дефинитивно свршија одлична работа. Како и многу пати порано, го ’уловија’ брилијантното Алжирче по потекло и му понудија на неговите родители стипендија од фудбалската федерација за школување, под услов еден ден малиот Мадин да заигра за француската репрезентација и да стане новиот Зинедин Зидан.

Родителите секако се согласија. Нивниот син со своите фантастични дриблинзи и контрола на топката сега воодушевува во игрите со неговите врсници.

„Тој е едноставно неверојатен, игра со голема страст и вистински волшебник е на теренот“, изјави Кристијан Лазу, претседател на Роубо, локалниот клуб за кој игра Мадин.

Пред 6-годишното момче претстои долг и напорен спортски пат за да стигне меѓу великаните, но несомнено дека има огромен потенцијал и дека се работи за ретко виден талент.

 

Copyright © 2009 selotejp.com