-->

Погледнете зошто сите го сакаат Жирков


Новиот тренер на Челзи Гус Хидинк има желба на Стемфорд Бриџ да го доведе Јури Жирков, левото крило на ЦСКА Москва. Од порано интерес за него пројави и каталонскиот гигант.

Жирков неодамна беше прогласен за фудбалер на годината во Русија, а Хидинк во репрезентацијата знае да го искористи и на позиција лев бек.

Покрај Челзи интерес за него пројави и Барселона, која сака да го ангажира на местото на Ерик Абидал кој наводно заради здравствени проблеми не може да одговори на предизвиците.

Цената на 25-годишниот играч се движи околу 15 милиони евра, а со ЦСКА е врзан со договор до 2011 година.

Жирков во акција:


 

Copyright © 2009 selotejp.com