-->

Индија сака да ја патентира јогата

Бидејќи во Америка инструкторите по јога почнуваат да патентираат одредени позиции во јогата и лажно ги наведуваат како сопствени, Индија собра тим хиндуистички гуруа и 200 научници со желба да ги каталогизира сите древни позиции и правно да ги заштити.

Научниците и гуруата се собраа во Индија за да ги пребројат сите традиционални пози во јога, да ги регистрираат во националната дигитална библиотека на традиционални знаења и така да ја заштитат од се поголемиот број "јога пирати", американски гуруа кои патентираат некои позиции како свои.

Во Америка се регистрирани повеќе од 130 патенти, околу 150 авторски права и 2.300 заштитени марки поврзани со јогата. Сега, Американските бироа за заштита на патенти пред да стават потпис на некоја техника или позиција во јога, ќе можат да ја проверат оригиналната индиска база на податоци. Се очекува дека во каталог ќе бидат најмалку 1.500 традиционални пози.

Јогата на запад ја популаризираа рок ѕвездите и попкултурните икони во шеесеттите и почетокот на седумдесеттите, како на пример Џорџ харисон од Битлси. Во светот, јогата во денешно време врти околу 225 милијарди долари годишно.

 

Copyright © 2009 selotejp.com