-->

Бен Стилер како Жоакин Феникс

Има ли полошо од тоа сите да се прашуваат што се случува со тебе и дали си "арен" во главата бидејќи отфрлаш одлична актерска кариера за да станеш рапер, а притоа изгледаш ужасно смешно? Има. Јавно да бидеш исмеан од Бен Стилер!

Комичарот Бен Стилер ја искористи приликата и на доделувањето на Оскари во Лос Анџелес, каде се најде во улога на презентер на наградените, го исмејуваше ликот и делото на "новиот" Жоакин Феникс.

Режисерот и јунакот на "Tropic Thunder" се одлучи со својот пикантен хумор да се пресмета со својот поранешен колега Жоакин Феникс, кој одлучи да се повлече од актерската професија и да се испроба во музичкиот свет. После оваа преобразба, Феникс го пратат само некакви скандали и чудно однесување.

Очигледно дека новиот имиџ на екс-актерот (пораснатата брада, неуредната бушава коса) и промената на стилот (паѓање во публиката на првиот настап, мумлање за време на интервјуата и лепење на мастики по столови) го "восхитија" Стилер кој одлучи на доделувањето на Оскари да се појави и да се однесува баш како Феникс.

Инаку како што спомнавме, Жоакин минатата година најпрво ги шокираше своите обожаватели со веста дека се повлекува од светот на филмот, а потоа приреди дополнително изненадување со својот нов имиџ.

Иако веќе тогаш започна да се шушка дека Жоакин "прснал", таквите нагаѓања уште повеќе се зголемија после неговото гостување во шоуто на Дејвид Летерман во кое под бирото на водителот ја залепи мастиката која ја жвакаше.

За негова несреќа и наше задоволство, Бен Стилер е вистински мајстор :)

 

Copyright © 2009 selotejp.com