-->

Крунисана новата британска Кралица


Велшката пејачка оствари голем успех на синоќешното доделување на Британските награди. Таа со солзи во очите на сцената изјави дека тоа е резултат на петгодишниот труд.

Дафи ја доби наградата за најдобар албум, најдобра пејачка и дебитант. “Не знам што значи сево ова, но мислам дека е добро што мојата мајка не родила син.- порачува Дафи.

Elbow се прогласени за најдобра група, песна на годината имаат Girls Aloud, Пол Велер е најдобар машки изведувач, а Кејти пери го прелета Атлантикот за да ја подигне наградата за најдобра пејачка од странство.

Наградени се и Iron Maiden, и тоа за најдобар ’live act’. Наградите за исклучителен допринос во музиката добија Pet Shop Boys, додека Florence и Machine се прогласени за најголема надеж на британската сцена.

Она за што исто така се зборуваше после спектакуларното доделување на наградите беше настапот на групата U2, кои го отсвирија својот нов сингл ’Get On Your Boots’.




 

Copyright © 2009 selotejp.com