-->

Фергусон: Немаме време за младите фудбалери

Менаџерот на европскиот и светскиот првак Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон изјави дека клубовите во Премиер лигата не можат да трошат време за развивање на талентирани англиски фудбалери, туку мораат да се потпрат на проверени играчи кои ќе им донесат трофеи.

"Кога сте еден од најдобрите четири клубови, свесни сте дека успехот ви е потребен веднаш. Не можете да чекате по три или четири години на фудбалери. Тоа го можат клубовите од кои не се очекуваат трофеи", изјави Фергусон за спортскиот магазин "Шортлист".

Фергусон додаде дека повеќе сака да праќа млади играчи на позајмица во други клубови, како би стекнале потребно искуство и би се навикнале на играње во прв тим.

Напаѓачот на Јунајтед, 21 годишниот Фрејзер Кемпбел е на позајмица во Тотенхем до крајот на сезоната, додека голманот Бен Фостер се бори за место во тимот по двегодишната позајмица на Вотфорд.

 

Copyright © 2009 selotejp.com