-->

Пау Гасол најдобар европски кошаркар

Репрезентативецот на Шпанија и играч на ЛА Лејкерс е прогласен за најдобар кошаркар на Европа во традиционалната анкета која секоја година ја организира ФИБА Европа.

Во анкетата во која посебно се подуваат гласовите на тренерите и навивачите, Гасол триумфираше пред својот сонародник Руди Фернандес и Германецот Дирк Новицки, кој ова признание го доби во 2005 година.

Центарот на Лејкерси беше најдобар играч во репрезентацијата на Шпанија, која на Олимписките игри во Пекинг освои сребрен медал, по големата борба со Американците во финалето.

Покрај одличните игри во националната селекција на својата земја, Гасол беше и еден од најзаслужните што Лејкерси минатата година стигнаа до големото финале на НБА лигата.

Четвртото место во оваа анкета го зазеде Литванецот Рамунас Шишкаускас, петтото Французот Тони Паркер, а шестото Турчинот Хидајет Туркоглу.

 

Copyright © 2009 selotejp.com