-->

Словенците поседуваат повеќе злато од Централната банка

Од почетокот на светската економска криза побарувачката на злато и сребро порасна и сега Словенците имаат повеќе злато отколку Централната банка, соопшти љубљанската форма за трговија за трговија со благородни метали Елементум.

Во соопштение од фирмата се дадени податоци на Светскиот совет за злато кои покажуваат дека Централната банка на Словенија има околу 3,2 тони златни резерви.

Од друга страна словенечките инвеститори во изминатите 18 месеци купиле голем дел од тие резерви, се наведува во податоци на водечката светска компанија за преработка на злато, белгискиот концерн Умикор.

Според Умикор, вложувањата во благородни метали во Европа значително се зголемила во втората половина од 2008 година.

 

Copyright © 2009 selotejp.com