-->

Кој е најдобар Британски музичар?

Duffy и Coldplay се фаворити на доделувањата на Brit Awards, кои вечерва се одржуваат во Лондон.

Велшката пејачка и стадионските рокери имаат четири номинации. Тие се согласиле и да настапат на спектаклот, а на сцената ќе им се придружат и Kings of Leon, Girls Aloud, Take That и U2. Шоуто ќе го затвори соработката помеѓу Pet Shop Boys и Lady Gaga.

Интересно е дека Роберт Плант, лидерот на Led Zeppelin, кој пред недела дена освои 5 Grammy награди, а на Brit Awards нема ниту една номинација.

Новост на овогодинешните Британски награди е дека еден албум може да биде номиниран само ако се нашол помеѓу 40 – те најпродавани албуми во Британија. Досега беше доволно да биде меѓу првите 75.

 

Copyright © 2009 selotejp.com