-->

Песимизмот е запишан во гените

во гените
Наука, 25 февруари, (Нетпрес) - Дали чашата делува полупразно или половина полна зависи од нашите гени, тврдат британските научниците. Резултатите од истражувањето покажале дека варијациите во генот одговорен за менување на расположението влијаат на тоа дали луѓето имаат песимистички или оптимистички поглед на светот.

Научниците утврдиле дека различните верзии на генот кои учествуваат во преносот на серотин, хемикалија која влијае на расположението, може да ни го сврти вниманието на позитивни или негативни идеи или ситуации. Луѓето со долга верзија на тој ген се наклонети кон позитивни мисли и се фокусираат на позитивните аспекти на животот. Оние со кратка верзија на генот го прават спротивното.

Психолозите кои биле вклучени во студијата направена на Универзитетот во Есекс веруваат дека резултатите можат да помогнат во развивање на нови третмани за депресија и анксиозност. До резултатите дошле со тестирање на 97 волонтери на кои им покажувале слики со позитивни и негативни идеи.

Тие тврдат дека луѓето селективно ги забележувале и добрите и лошите идеи, а овие предрасуди играат важна улога во општата реакција на стрес.

“Селективната обработка на позитивните емотивни информации е поврзана со изразена дружељубивост, додека селективната обработка негативни информации е поврзана со невротичност и анксиозност“, рекле научниците.

Во паралелно истражување на Центарот за општествени прашања биле испитани повеќе од 2000 возрасни лица за нивните погледи на разни животни ситуации. Речиси две третини рекле дека позитивниот став е заразен и доколку бидат опкружени со оптимисти и самите ќе се чувствуваат подобро.

Позитивниот став може да не направи попривлечни за спротивниот пол, додека 52 отсто од испитаниците рекле дека оптимистите ги сметаат за попривлечни отколку песимистите.

 

Copyright © 2009 selotejp.com