-->

Обелоденети добитниците на Оскар, списокот протекол во јавност

САД, 21 февруари, (Нетпрес) - Списокот со овогодинешните добитници на најопрестижната филмска нагарада, Оскар, процурил во јавноста во САД.

Наводно, Оскар за најдобра глумица ќе добие Кејт Винслет, а статуетката за најдобар актер ќе заврши кај Мики Рурк. Оскар за најдобра режија ќе му биде доделен на Дени Бојли, додека неговиот филм “Милионер од улица“, ќе ја освои првата награда за најдобар филм.

“Само двајца луѓе ќе го знаат списокот на добитници, пред тие да бидат јавно објавени на сцената. Претседателот на Академијата не ги знае добитниците на Оскар пред доделувањето. Не постои список, кој е објавен во јавноста“, соопштила претставници на Оскар за американските медиуми.

Инаку доделувањето на најпрестижните филмски награди ќе се одржи во недела навечер.

 

Copyright © 2009 selotejp.com