-->

"Анистон е престара, но Џоли е во ред"

Даница Патрик, 26 годишната автомобилска тркачка, доколку би се снимало филм за неа, таа би сакала да ја глуми Анџелина Џоли, бидејќи Џенифер Анистон е престара.

Темнокосата секси убавица Даница, е една од ретките жени во овој типично машки спорт. Благодарение на нејзиниот атрактивен изглед, таа често снима фотосесии со профокативни фотографии, нешто како онаа во специјалното издание на списанието "Sports Illustrated", каде ги покажа своите убавини во секси бикини.

Иако не сме воопшто слични, мислам дека Анцелина Џоли би била вистински избор за мојата улога, бидејќи таа сепак има глумено во доста акциони филмови. Џенифер Анистон сепак е многу постара од мене, изјавила Даница.

Инаку, Анистон и Џоли, во недела на 22 февруари (прв пат по разводот на Бред и Анистон)ќе се сретнат на доделувањето на Оскари. Сепак, на целосна среќа за Џенифер, нејзиниот најголем страв да се сретне сама со Џоли и Бред е избегнат, бидејќи ќе се појави со пејачот Џон Мајер, нејзиното момче.

 

Copyright © 2009 selotejp.com