-->

Викенд врнежи

Ви се чини ли и на вас дека за време на викендите времето е полошо отколку во работната недела? Темелните Германци одлучија ова да го испитаат подетално. Анализирајќи ги метеоролошките податоци во период од 15 години дојдоа до навистина интересни податоци.

Во просек, најтопол ден во неделата е среда, а најладен - сабота. Покрај ова, во сабота врне и 15% повеќе дожд, кој е пак 10% почеста појава во сабота отколку во понеделник. Почетниот ден во неделата е најслабо "наврнат" од сите денови. Вторниците имаат 15% повеќе сонце отколку саботите.

Научниците претпоставуваат дека од понеделник (со почеток на работната недела) па натаму започнува со собирање се поголема концентрација на штетни честички во атмосферата низ кои се потешко продира сончевата светлина. Покрај ова, загаденоста поттикнува создавање на дождовни облаци бидејќи загадените честички служат како јадра околу кои се формираат дождовните капки.

Па ајде тогаш понеделник и вторник да ги прогласиме за викенд-денови, а да работиме во сабота и недела :)

 

Copyright © 2009 selotejp.com