-->

Наскоро ќе избегнуваме куршуми како во Матрикс


Колку и неверојатно да звучи, одобрен е патентот за Bionic body armor кој ќе ни овозможи да ги избегнуваме куршумите како Нео од Матрикс.

IBM објави дека е одобрен патентот Bionic body armor кој ќе овозможи избегнување на куршуми без поголеми проблеми. Некои мислат дека идејата за ваков патент е поттикната од Матрикс филмовите во кои луѓето имаат способност за избегнување на куршуми, но од IBM тоа не сакаа да го потврдат.

Bionic body armor би требало да ги замени недоволно сигурните панцир јакни така што би го скенирал опкружувањето на личноста која го носи, и да процени кога према него е стрелан куршум од било кој калибар, пренесува Gizmowatch.

Кога ќе го процени правецот и целта на куршумот, оклопот ќе влијае на мускулите кои би се контрахирале така што телото ќе го тргнат од правецот на куршумот. Ова се сите тајни кои IBM ги откри засега.

А како ги избегнува Нео куршумите погледнете овде:

 

Copyright © 2009 selotejp.com