-->

Кунг - фу мајстор крева 45 кг со неговите очни капаци

Кинескиот кунг – фу мајстор, Song Tao, со својата сила буквално ги остава сите без здив. Тој со очните капаци на кои со помош на копчиња прицврстил тенко јаже, успеал да подигне две канти со вода тешки 45 килограми.



Song Tao вели дека со години се занимава со оваа необична вештина.

“Со години се привикнувам на чувството на копче во окото. Дури и спиев со нив за да успеам да се концентрирам на силата на капаците. Учев од мајстор кој можеше да подигне повеќе од мене. Се обидувам да се концертирам на убавината на подигањето и да го потиснам чувството на болка. - вели Кинезот, инаку носител на црн појас.

Сепак Song Tao додава дека е тажен заради тоа што неговата вештина ќе исчезне заедно со него, заради тоа што никој не покажал интерес.

“Се обидов да обучам неколку ученици, меѓутоа тие се жалеа на претешките и преболни тренинзи.- изјавил Song Tao.

 

Copyright © 2009 selotejp.com