-->

Видео: Без победа за фаворитите во Германија


21 коло во Германија беше кобно за сите фаворити во Германија, но без оглед на тоа нема големи промени во врвот на табелата.


Првиот на табелата, Херта, загуби на гостувањето кај Волфсбург, откако прво заводи со голот на Сисеро, но Џеко беше два пати прецизен за домаќините и направи пресврт за конечни 2-1.


Второпласираните до пред ова коло, Хофенхајм одиграа 3-3 со шампионот од пред две години, Штутгарт. Хофенхајм водеше два пати со головите на Ба, а Штутгарт изедначи со головите на Какау и Гомез, па и заводе со голот на Супер Марио, но Ба со хет трик го изедначи резултатот.

Актуелниот шампион Баерн, беше домаќин на дуелот со Келн, но тоа не ги спречи гостите да водат со 0-2 на полувреме со головите на Ехрет и Бросински, а конечните 1-2 ги постави Ван Бајтен.

Вчера тимовите на Шалке и Дортмунд си ги поделија бодовите со по еден гол во мрежите. Головите ги постигнаа Курањи за Шалке и Зидан за Дортмунд.

Ова 21-во коло останува да го заклучи уште едно дерби. Утре од 17.00 игра Леверкузен против Хамбургер.

Сега на табелата прв е Хофенхајм со исто поени, 40, како и Херта, трети се Хамбургер но треба утре да доиграат со 39 поени, а Баерн е четврти со 38.

 

Copyright © 2009 selotejp.com