Американскиот претседател Барак Обама пронајде баланс меѓу мрачното економско дејствување и понадежните перспективи во обид да ги смири растревожените Американци дека земјата ќе излезе од кризата посилна од претходно.
- И покрај тоа што економијата ни е ослабена, а довербата разнишана, и покрај тоа што живееме во тешки и несигурни времиња, оваа вечер сакам секој Американец да знае дека повторно ќе застанаме на нозе и ќе се обновите. САД ќе бидат посилни од претходно, изјави Обама синоќа во својот прв говор пред двата дома на Конгресот.
Тој упати остри критики кон неговиот претходник, Џорџ Буш за сегашната лоша економска состојба во земјата и нејзиниот огромен надворешен долг, предупредувајќи дека „дошол денот за средување на сметките“.
Обама вети дека ќе го зголеми бројот на копнените сили на САД и на маринците, со цел да им се помогне на американските војници кои водат истовремено две војни, во Ирак од 2003 и во Авганистан од 2001 година. Тој вети дека ќе им ја зголеми платата на војниците и ќе им обезбеди на ветераните подобра медицинска грижа и осигурување.
Американскиот претседател побара од Конгресот да воведе систем за размена на квоти за емисии на штетни гасови во рамките на борбата против глобалното затоплување.
Обама предупреди дека САД заостануваат во енергетската сфера, најавувајќи дека за три години ќе биде двојно зголемено производството на обновени енергенси.
Тој се заложи да бидат одвоени повеќе средства за образовниот систем, бидејќи САД се наоѓаат на врвот меѓу развиените земји поради прекин на средното образование.
- Реформирање на образовниот систем никогаш не е доволно, додаде Обама.
Тој, исто така, вети дека ќе ги заштити од кризата и најзагрозените компании за производство на автомобили, објаснувајќи дека „земјата која го пронашла автомобилот, не може да се откаже од него“.
Обама предупреди дека спасувањето на банкарскиот систем на САД може да изнесува повеќе од предвидените за таа цел средства, но ги увери Американците дека нивните штедни влогови се безбедни.
Американскиот претседател истакна дека неговата администрација ќе соработува и со други земји во светот за решавање на сегашната економска криза, отфрлајќи ги протекционистичките трговски мерки.