-->

Негативните емоции доведуваат до проблем со срцето

Напад на бес или некоја друга негативна емоција го зголемува ризикот од срцева аритмија,која може да е потенцијално смртоносна кај луѓето со чувствително срце.

Американското истражување кое се темели на испитување на 62 пациенти со болест на срцето, траело три месеци откога на пациентите им е вграден апарат кој детектира пореметување на срцевата ритмија.

Испитаниците морале да ги прераскажуваат своите искуства кои им предизвикувале состојба на бес или некои други силни емоции.

Секој пат кога го прераскажувале и го повторувале доживеаното искуство,испитаниците имале зголемена срцева аритмија.

Истражувачите заклучиле дека луѓето со чувствително срце имаат 10 пати поголема опасност од добивање на срцева аритмија која може да доведи до срцев удар.

Од срцев напад во Америка годишно умираат 400.000 американци.

 

Copyright © 2009 selotejp.com