-->

Форензичарите изработуваат фоторобот на база на ДНК

Досега форензичарската наука рапидно напредува, а наскоро ситуацијата може да биде пожешка од онаа на популарната американска криминалистичка серија CSI.


Имено, американски форензичари и стручни лица, за многу брзо време врз база на ДНК анализа, ќе бидат способни за изработат фоторобот на криминалецот.

Д-р Марк Шривер од Универзитетот во Пенсилванија, истакнува дека начинот на изработка на фотороботи се темели врз декодирање на делот на генетскиот код на ДНК-то кој е поврзан со фацијалната структура и бојата на кожата. Според негово мислење, со ДНК анализата наскоро ќе може да се изработуваат многу прецизни фотороботи.

Слични методи американските форензичари веќе користеле во случајот на серискиот убиец Дерик Тод Ли. Сведоците, имено, тврделе дека убиецот е белец, а ДНК анализата покажала дека станува збор за Афроамериканец со што била создадена основа за негово лишување од слобода.

Шривер понатаму тврди дека во неговите истражувања дошол до сознание дека еден дел од ДНК-та ја покажува бојата на кожата, односно постојат гени кои ја одредуваат клучната точка на фацијалната структура, преку која со точност компјутерски може да се изработи прецизен фоторобот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com