-->

Венгер: Ќе доминираме за две години

Тренерот на Арсенал Арсен Венгер тврди дека неговиот систем на работа ќе даде одлични резултати за две години и дека "златната генерација топџии" ќе владее со англискиот фудбал кога неговите играчи ќе соберат уште малку искуство.



"Тимовите како Манчестер Јунајтед и Челзи само одат наоколу, купуваат играчи, освојуваат трофеи и потоа се фалат со нив. Арсенал има чесен систем на вредности и развива сопствени ѕвезди. Верувам дека Ван Перси, Сеск, Фабрегас, Тео Волкот и Денилсон ќе докажат дека се подобри играчи на долги патеки и дека ќе го вратат Арсенал на чело. Дека се способни за големи резултати покажува и тоа што сезонава го победивме Манчестер", изјави Венгер.

"И понатаму веруваме дека побитно е да ги задржиме сопствените вредности отколку да купуваме играчи, да освојуваме трофеи и да се фалиме со нив. Сакаме да го задржиме овој тим, играме со Волкот, Фабрегас, Насри, Диаби, Насри и Денилсон, од кои најстариот има 21 година. Кога ќе имаат по 23 или 24, ќе победуваат се без многу проблеми, верувајте ми", изјави Венгер.

Венгер и Арсенал одамна се мета на критики поради тоа што во витрините нема нови трофеи.

"Додека не освојуваш трофеи, луѓето поставуваат прашање дали си воопшто во состојба да го направиш тоа. Јас велам дека треба да продолжиме вака и титулата ќе дојде со време", изјави Венгер.

 

Copyright © 2009 selotejp.com