-->

еал пополека се комплетира


Актуелниот шпански шампион пополека почнаа да го комплетира составот, и за престојниот натпревар со Бетис ќе биде речиси со цел состав.

Хуанде Рамос ги внесе и досега повредените Весли Снајдер, Арјан Робен, Ласана Дијара и Гути во листата на играчи за престојното коло.

Според Marca сите четворица досега повредени играчи се опоравиле и се спремни да истрчаат против Реал Бетис.

Гути, кој ова би му бил прв настап по повредата, веројатно ќе влезе само еден мал дел од натпреварот.

Холанѓанското дуо, Снајдер и Робен не настапија на предходниот натпревар со Спортинг, а можно е и сега да бидат одмарани за дуелот во Лигата на шампионите против Ливерпул.

Како и да е, тренерот се одлучи да ги внесе во тимот заедно со Дијара кој се опорави од вирус.

Неколку играчи беа изоставени од листата заради различни причина, меѓу кои и Ројстон Дренте, Хулиен Фауберт исто како и Рафаел ван дер Варт, Дани Парејо и Чави Гарсија.

Икер Касиљас има мала повреда, но таа нема да го спречи да настапи и против Бетис како ни против Ливерпул.

Но, за секој случај, Рамос повика уште двајца голмани кои чекаат на готовс.

 

Copyright © 2009 selotejp.com