Во извештајот се наведува дека еден грам кокаин во моментот чини околу 22 евра, а затоа што од еден грам се добиваат 20 „линии“ испаѓа дека наркоманијата стана поефтина од алкохолизмот.
Податоците се уште поалармантни ако се анализираат цените на кокаинот со лош квалитет, затоа што тие се пониски и до 50 отсто, што значи дека таа дрога сега е достапна апсолутно до сите, па и до оние најсиромашните.
За таквата состојба Европскиот центар за следење на состојбата со дрогата ги обвинува Боливија и Перу, кои значително го зголемија производството, што доведува до постојан пад на цените.
Поради тоа, според официјалните податоци, секој десетти жител на Европската унија барем еднаш консумирал кокаин, а доколку се анализира состојбата меѓу младите, податоците се повеќе од алармантни.