-->

Италијанските криминалци користат „Скајп“


Италијанските криминалци се почесто користат „Скајп“, каде ги обавуваат своите „деловни“ разговори, со цел да ја избегнат можноста разговорите да се снимаат и да се користат како доказ на суд.

Ова го објави италијанската полиција, од каде што соопштија дека компанијата го чува во тајност кодот на Скајп што мафијашите го користат во голема мера.


Информацијата дека криминалците ги користат новите технологии и комуницираат,полицијата ја слушнала прислушкувајќи еден дилер на кокаин, кој на својот партнер му рекол да се префрли на „Скајп“, за да се договорат за продажба на 2 килограми кокаин.

Но, Скајпот не е единствен проблем со кој што се соочува италијанската полиција. Владата на Силвио Берлускони работи на нацрт закон со кој што прислушувањето би се ограничило само на случаи со оправдано сомневање за најсериозни злосторства,

Италијанската полиција во голема мера се користи со прислушкување и со снимени материјали, кои ги користи како судски доказ, а материјалите не ретко завршуваат и во медиумите.

 

Copyright © 2009 selotejp.com