-->

Ријана трудна?

Драмата со Ријана и Крис Браун добива нов шокантен пресврт. Пејачката наводно е трудна од својот насилен дечко, поради што и добила ќотег.

Пријателите на пејачката сега тврдат дека караницата која заврши со тешко претепување на Ријана всушност не ја поттикнала љубомората и наводната СМС порака од друга жена, туку фактот дека Ријана му открила на Крис дека е трудна.

Можеби токму бременоста е причината што пејачката му прости се на нејзиниот насилен партнер и го прими назад.

Во меѓувреме, Крис започна да посетува терапија за контролирање на бесот, а се чини дека ќе мора да го придружуваат телохранители. Имено, Браун наводно добил неколку стотини закани од огорчените фанови на Ријана, поради што морал да ангажира и телохранители.

Инаку, против пејачот е подигнато обвинение, а пред судот треба да се појави наредниот месец.

 

Copyright © 2009 selotejp.com