-->

Ghostbusters 3 - ќе има или не?

Еден од најзабавните и најдобрите филмови од осумдесеттите. Штета што вториот дел беше толку лош, што тотално ја уби франшизата и го одложи следното продолжение за цели 20 години.

Побарајте ги оргиналните Ghostbusters на прастара VHS касета и ќе се присетите колку е забавен и откачен филм. Успехот на Ghostbusters иницираше и снимање на истоимен цртан филм и стрип, се појавија маици и играчки со ликовите и стартуваше вистинска франшизна машинерија. Се чинепе дека ништо не може да ги сопре истерувачите на духови се до второто продолжение.

Ghostbusters 2 беа се што не беше првиот дел - досадни, глупи и без врска. Хемијата која постоеше меѓу актерите во првиот дел каде во секоја сцена се чувствуваше дека се забавуваат на снимањето исчезна, па остана само сувопарен холивудски производ за еднократна употреба.

Популарноста на Ghostbusters со тек на времето избледе, а многубројните фанови на овој филм две децении залудно чекаа трето продолжение на филмот. Доколку може да му се верува на Ден Ајкорд, се работи на новото продолжение и моментално се пишува сценариото.

Филмот би требало да влезе во продукција на есен, што значи дека може да очекуваме премиера наредната година.

 

Copyright © 2009 selotejp.com