-->

Забрането бакнување на железничка станица

Готово е со бакнежите за збогување на железничките станици, барам во Велика Британија. Вака одлучила железничката компанија Virgin Rail , и поставила натпис за забрането бакнување, оценувајќи дека прегратките предизвикуваат метеж.



Целта на забраната е патниците кои заминуваат да не создаваат метеж додека ги паркираат своите автомобили на влезот за да се бакнат за збогум. Од Virgin Rail велат дека морале да го стават знакот откако неколку локални бизнис групи се пожалиле дека местото мора да стане поефикасно.

Натписот покажува гушнат пар од профил, пречкртан со црвена линија.

“Оние кои сакаат да се испраќаат пред влегувањето во возат, тоа можат да го направат на блискиот наплатен паркинг.“- додаваат од Virgin Rail.

 

Copyright © 2009 selotejp.com