-->

Телефон кој може да ви го спаси животот

Никогаш не е доволно внимателност, особено ако сте жена. Затоа, новиот мобилен уред на Samsung доаѓа со бучен аларм кој има директна врска со полицијата и брзата помош.

На новиот Samsung SPH-W7100 се наоѓа сирена од 100 децибели, што ќе го преплаши секоја напаѓач, без разлика на неговите намери. Врската со локалната итна помош може да ви го спаси животот, ако нешто навистина лошо се случи.

Благодарејќи на вградениот GPS, брзата помош веднаш ќе ја дознае вашата локација, па овој телефон ќе им биде корисен и на алпинистите и на сите останати кои можат да се снајдат сами, далеку од цивилизацијата и опасностите.

Продажбата на телефонот ќе започне наредниот месец во Кореја, а за неколку месеци ќе биде достапен насекаде во светот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com