Apple ја претстави бета верзијата на својот најнов интернет прелистувач Safari 4, за кој тврди дека е најбрзиот на пазарот. Новата верзија донесе и нов кориснички интерфејс, кој по малку наликува на оној од Google Chrome.
Новост е и Cover Flow технологијата која овозможува прелистување на историјата на страниците по кои сурфате, на ист начин како што се прикажуваат албумите и песните во iTunes на iPhone и iPod.
Бета верзијата на Safari 4 може да ја преземат сите од вас кои користат Apple оперативен систем или пак Windows XP (SP2) и Windows Vista. Корисниците кои користат оперативен систем на Apple, треба да имаат во предвид дека Safari 4 работи само со Mac OS X Leopard 10.5.6 или Mac X Tiger 10.4.11 OS.
Во прилог на оваа новост иде и информацијата дека Mozilla Најверојатно уште малку ќе го одложи излегувањето на новата верзија на Firefox 3.1, поради проблеми со TraceMonkey.