-->

Микрософт отвара ланец продавници


Покрај фактот дека глобалната рецесија најмногу ги погодува малите продавници ширум светот, Микрософт минатата недела ја објавил информацијата дека влегува во малопродажниот бизнис.

Планот на овој софтверски гигант е отварање на малопродажни продавници, а истиот го осмислил Дејвид Потер, стручњак на ова поле кој веќе 25 години работи во американскиот малопродажен ланец продвници Wal-Mart.

Првата задача на Потер е да го одреди вистинското време за отворање на овие продавници и нивните локации. Замислата е да во тие продавници се продаваат компјутери со оригинален Windows оперативен систем, односно самостојни софтверски решенија.

Микрософт изненадил со овој потег бидејќи фактите говорат дека многу слични брендирани ланци продавници ширум САД, започнале да пропаѓаат. На пример, Circuit City најавил затворање на 567 дуќани и отпуштање на 34.000 работници; Best Buy исто така минатата година отпуштил многу работници, а слична ситуација се случува и кај останатите.

 

Copyright © 2009 selotejp.com