Пет години по улогата во "Венецијанскиот трговец", Aл Пачино повторно ќе глуми во адаптација на едно од Шекспировите дела. Режисер на филмот ќе биде Мајкл Радфорд.
Продуцентот на "Крал Лир" Бери Навиди откри дека му требале години за да го наговори Пачино да ја прифати ролјата која досега низ историјата ја глумеле актерски великани како Лоренс Оливие, Орсон Велс и Сер Иан Меккелен.
"На Ал оваа улога му е нудена многу пати, но не се чувствуваше доволно подготвен за да ја изведе. Сега е спремен. Филмот верно ќе го прати временскиот период во кој е сместено дејствието, ќе има класичен изглед исто како и "Венецијанскиот трговец". Мајкл Радфорд смисли одлична адаптација и Ал и јас, "паднавме" на предизвикот", изјави Навиди.
Истата екипа на актер, продуцент и режисер го создаде и "Венецијанскиот трговец", во кој Пачино ја имаше улогата на евреинот лихвар Шајлок, а покрај него во филмот се појавија и Џереми Ајронс и Џозеф Фајнс.
Снимањето на "Крал Лир" би требало да почне при крајот на оваа година, на засега непозната локација во Европа.