-->

До пладне обработени 40.699 пресметки за бруто плата

Управата за јавни приходи до денеска напладне обработила вкупно 40.699 месечни пресметки за интегрирана наплата и исплатени плати за 301.594 вработени. Одобрени се 37.881, а 2.818 месечни пресметки се одбиени.

УЈП информира дека до вчера бруто плати на вработените им исплатиле 7.390 фирми.

Крајниот рок за поднесување на месечната пресметка за интегрирана наплата, (образец МПИН) е денеска до 18 часот, а најдоцна до 15-ти во месецот треба да се изврши исплатата на платите на вработените.

 

Copyright © 2009 selotejp.com