-->

Нов дует:Каролина и Сајко

Никола Сариќ-Сајко од Операција триумф а сега член на бендор ОТ-бенд и нашата пејачка Каролина Гочева снимија дуетска песна „Заборави„.

Песната која е рок балада ја компонираа Мирко и Снежана Вукомановиќ,кои сакале да ги спојат овие два пејачи.По зборовите на Каролина овој дует ќе биде полн погодок.
„Многу сум задоволна од соработката со Никола затоа што тој беше еден од најдобрите кандидати во „Операција триумф„.Мислам дека песната ќе биде вистински хит,навистина е добра и брзо влегува во уши..„

Песната е снимена во студиото на Владо Георгиев и ќе се најди на новиот албум на Каролина Гочева,чие снимање е при крај и кој на пазарот ќе се најди на есен.

 

Copyright © 2009 selotejp.com