-->

Видео: Манчестер и Интер со празни пушки


Големиот двобој во Милано заврши без погодоци. Барса успеа да ремизира во Лион, а Арсенал има минимална предност над Рома. Порто избори 2:2 во Мадрид кај Атлетико.

Еден од најсилните дуели на осминафиналето од Лигата на шампиони, пресметката меѓу Интер и Манчестер Јунајтед понуди добар фудбал , но без она најважното - головите! Во тактичкото надмудрување на двајцата одлични стратези победник испадна Алекс Фергусон, чиј тим во рекорден 20 натпревар со ред во елитното клупско натпреварување остана непоразен.

Сепак, во реваншот ќе нема баш лесна задача против италијанскиот првак. Дури и со по еден гол во мрежите, Интер ќе патува во четвртфиналето.


Иако го доживеаја шестиот во низа пораз на гостувањата во Англија, фудбалерите на Рома можат да бидат задоволни со исходот на Емирати. Арсенал минимално славеше со голот од пенал, кој го реализираше Робин Ван Перси во 37 минута. Претходно, токму Холанѓанецот беше соборен во казнетиот простор од Мексес. Во секој случај, не чека возбудлив и веројатно поотворен натпревар во Рим.


Барселона во саботата доживеа шокантен пораз во градското дерби од Еспањол, па против Лион сакаше со добра игра и поволен резултат да ги залечи раните.

Но, работите тргнаа лошо на почетокот, бидејќи францускиот шампион повеќе веќе во седмата минута по новото ремек дело на Жунињо. Тоа беше негов 43 гол од слободен удар во дресот на Лион и дефинитивно еден од најубавите.

Во продолжение Барселона се отвори, што остави простор за противникот, но Бензема во неколку прилики не успеа да го совлада Валдес. Сепак во 67 минута, Анри најдобро се снајде во казнетиот простор и го постави конечниот резултат.


Порто во Мадрид два пати ја бркаше негативата и успеа да замине дома со вредно реми и тоа благодарение на двократниот стрелец Лисандро Лопез.

Домаќинот одлично тргна и постигна гол веќе во третата минута кога Макси Родригез натрча на топката што ја пропушти Агуеро.

Гостите брзо вратија преку Аргентинецот, по несмасната реакција на одбраната на Атлетико, но и голманот на гостите Хелтон не се прослави на крајот на првио дел кога низ раце го пропушти ударот на Форлан. Конечниот резултат Лисандро го постави во 72 минута.

 

Copyright © 2009 selotejp.com