-->

Буфон: Ќе надоместиме во реваншот

Џиџи Буфон, голманот на Јувентус, еднаш ја вадеше топката од својата мрежа на првиот натпревар во осмина финалето од Лигата на шампионите.

Според прикажаната игра, најправеден исход на натпреварот ќе беше оној без победник, но напаѓачите на Јувентус не се снајдоа во неколку убави ситуации пред Петар Чех.

И покрај тоа, Јувентус е и понатаму прилично "жив", па на свој терен има шанса да ја анулира минималната предност на лондонскиот тим.

"Јувентус е во специфична ситуација, но по овие 90 минути можам со мирна душа да речам дека не сме ни малку послаби од силниот Челзи", изјави Буфон.

"Штета што не постигнавме ниту еден погодок, бидејќи имавме шанси. Но, не се чувствувам лошо. Имам добар впечаток после се и сигурно е дека можеме да надоместиме на реваншот во Торино".

 

Copyright © 2009 selotejp.com