-->

Facebook се попопуларен


 facebookМесец за месец Facebook брои се повеќе корисници, а последните статистики велат дека до сега има повеќе од 175 милиони членови, од кои повеќето не американци. Овие информации ги објави Dave Morin, еден од вработените во Fаcebook.

Facebook пред околу половина година ја премина бројката од 100 милиони корисници, додека повеќе од 150 милиони броеше пред само еден месец. Повеќето новопечени корисници пристигаат надвор од границите на Америка. Основачот на Facebook Mark Zuckerberg, сликовито ја опишува големината на мрежата, велејќи дека во државни граници Facebook би била осма земја по големина во светот, пред Јапонија, Нигерија и Русија. Големиот број корсиници со себе носи и големи трошоци за оддржување, а поради тоа Facebook и понатаму бара инвеститори кои ќе вложуваат во него. Според нив, гледајќи и во очи на финансиската криза, Facebook сега за сега стои прилично добро.

 

Copyright © 2009 selotejp.com