-->

TOYOTA Prius 2010 официјално најавен


 Иако информацијата за новиот Prius првично за јавноста протече во средината на октомври, Toyota денес на Детроитското Auto Show официјално ја откри третата генерација од својот возвишен хибрид. 2010 Prius се базира на цврстата подлога на првите две генерации и донесува некои нови работи во хибридниот погон.

Новиот Prius користи поголем 1,8 литарски бензински мотор спарен со значајно подобрениот Hybrid Synergy Drive (HSD) агрегат. Toyota вели дека HSD е 90 проценти нов кај кој торзионите загуби се за 20 проценти помали, а хибридните компоненти се 20 проценти полесни. Бензинскиот агрегат продуцира снага од 90 КС и торзија од 105 lb-ft, а електричниот мотор произведува 80 HP со 153 lb-ft торзија. Но зголемената моќ сепак не влијае многу на перформансите, Компанијата наведува дека забрзувањето од 0 до 10 км се постигнува за 9,8 секунди. Иако тоа е за околу секунда подобро во однос на претходниот модел, сепак за голем број луѓе тоа не е нешто што би се нарекло брзо

Prius 2010 е веднаш препознатлив како планетарна икона на хибридните возила кој ги дели стилските особини со неговиот претходник од втората генерација. Toyota го редефинираше обликот за уште поголема аеродинамичност со што коефициентот на триење е намален на 0,25 единици за разлика од 0,26 кај претходникот.

Кога е во прашање технологијата, Prius повторно не не разочарува. Автомобилот ќе биде достапен во верзија со сончев кров со вградени соларни панели за напојување на вентилацискиот систем. Исто така достапен ќе биде и модел со далечински клима уред кој работи на батериска енергија. Од другите дополнителни опции ќе се нуди LED предно и задно осветлување, Dynamic Radar Cruise Control, Intelligent Parking Assist и задни монитори.

Во врска со една од најбитните работи - економичноста, Toyota даде конкретна статистика: просечни 4,7 литри на 100 километри.

Цената сеуште не е најавена, но се очекува Prius да конкурира на 20.000 долари вредниот Honda Insight.

 

Copyright © 2009 selotejp.com