-->

Одложена новата бета верзија на Firefox 3.1

Од Mozilla објавија дека го одложуваат издавањето на третата и најверојатно последна бета верзија на Firefox 3.1, која најверојатно ќе може да се симне некаде кон почетокот на февруари, а ова одложување нема да влијае на излегувањето на конечната верзија на Огнената лисица 3.1.

Новата тест верзија е одложена бидејќи во неа мораа да бидат поправени разни грешки и сигурносни пропусти, а меѓу нив се и пропустите поврзани со Private Browsing, опцијата која веќе некое време можеме да ја најдеме во други прелистувачи, а од почетокот на декември и во втората бета на Firefox.

Од останатите новости, од Mozilla објавија и дека воведуваат некои промени околу прелистувањето со табови.

 

Copyright © 2009 selotejp.com