-->

Паднал Gmail, корисниците ширум светот во паника

Ова утро исклучително популарниот серсив за е-маил пораки на на Гугл, бил недостапен за користење. Корисниците кои упорно се обидувале да се логираат, наидувале на празен екран. Гугл во службената изјава признал дека има проблем.

'Голем број корисници имаат проблем со пристапот кон Gmail. Работиме на решавање на проблемот. Свесни сме колку Gmail е битен на нашите корисници, па така овој проблем ќе го сфатиме многу сериозно', објасниле од Гугл во соопштението коe билo објавена од PC Pro.

Истиот проблем утрово го имаа и корисниците од Македонија. Сервисот на Gmail не беше достапен до 13:00 часот.

Од Гугл не сакаат да ја коментираат природата и размерот на проблемот, односно ги повикуваат сите корисници да го посетат Google Help центарот за најнови информации.

Блогерите ширум светот поради ова се во голема паника, бидејќи сметаат дека овој сервис им е од исклучителна важност.

 

Copyright © 2009 selotejp.com