-->

Google демантира дека Атлантида е пронајдена

По се изгледа дека сеуште ќе ни остане непознаницата каде се наоѓа легендарното царство Атлантида, наводно потопено во еден единствен ден после неуспешното освојување на Атина околу 9.600 година пред Христос. Сепак, Google Ocean си направи одлична реклама :)

Бројни светски таблоиди за време на викендот известуваа дека одредени фотографии прикажани во апликацијата Google Earth, поточно новата услуга на Google - Ocean, се всушност фотографии на легендарниот "Платонов град" Атлантида. Објавената фотографија прикажува подрачје сместено околу 1.000 километри од северозападниот афрички брег и покрива регион со големината на Велс, а наводно прикажува растер на улици и градби од ова легендарно царство.

Од Google сепак доаѓа официјално соопштение во кое се наведува дека "навистина нивните корисници дошле до значајни откритија и нови сознанија за земјината топка, како откритијата запрастари шуми во кои е забележана порано неоткриена населба, неоткриените корални гребени пред Австралија и слични локации, но и дека во овој случај не станува збор за никакво откритие".

"Овде се работи исклучиво за траги кои мерачот за длабочина ги остава на дното на морето за време на мерењата кои се извршуваат", наведува Google во своето официјално соопштение.

А ние таман помисливме дека е толку лесно и едноставно :) Добра реклама за Google Ocean, од самиот почеток.

 

Copyright © 2009 selotejp.com