-->

Miro - интернет телевизија за сите

Имате широкопојасен интернет и сеуште гледате аналогна телевизија? Доколку немате некоја апликација за интернет тв, исто како да живеете во минатиот век. Запознајте се со Miro.

Интернет телевизијата воопшто не е нова технологија, постои низа години, а во Америка моментално популарен е сервисот Hulu. Но, тренд на запад е пристапот на тв програмите на некој начин да се ограничува, па некои наплатуваат претплата, а Hulu на пример својата програма ја ограничува на корисници со американски IP адреси.

Но, затоа тука е Miro, апликација која е целосно бесплатна и овозможува следење на илјадници тв програми, од кои многу се во HD формат. Miro порано се нарекуваше Democracy Player, а работи на Windows, Mac OS и Linux.

Miro има интегриран RSS агрегатор, торент клиент и медиа плеер, а сето тоа спакувано во убав и интуитивен кориснички интерфејс.

Мiro можете да го симнете тука.

 

Copyright © 2009 selotejp.com